Одреден притвор за две лица во акцијата ,,ГЕОДЕТ" | Правдико

Правдико

   

Одреден притвор за две лица во акцијата ,,ГЕОДЕТ”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mkd-234038Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот навчерашнот ден пред судија на претходна постапка беа доведени 19 лица од Скопје, приведени во акцијата во јавноста позната како „Геодет“, од кои од страна на Јавното обвинителство од Скопје за 17 лица до судија на претходна постапка е доставен Предлог за определување на превентивни мерки, а за две лица е доставен Предлог за определување на мерката притвор.

По разгледување на предлозите и на фактите и околностите, судијата на претходна постапка постапи по истите и донесе одлука со која се определува:

Притвор за две лица за кривични дела –„Примање поткуп“ од чл.357 ст.1 и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 в.в со чл.22 и чл. 45 од КЗ.

Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело, за девет лица за кривичното дело –„Злоупотреба на службена положба и овластување“;

Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште и привремено одземање на патна исправа за еден осомничен за кривично дело – „Поткуп“, за еден осомничен за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и за шест лица за кривично дело „Поднесување на лажни докази“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико