Одреден старател на претепаното бебе, полицијата го истражува случајот | Правдико

Правдико

   

Одреден старател на претепаното бебе, полицијата го истражува случајот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Се стабилизира состојбата на 14-месечното бебе кое викендов беше примено на КАРИЛ со крварење во мозокот и тешки скршеници на коските на нозете. Од Клиниката велат дека детето почнало само да дише и да се храни, а ако добро напредува во следните 24 часа ќе биде префрлено на Детската клиника. Нозете на детето ќе бидат ставени во лонгета, а лекарите ги третираат и старите повреди кое ги забележале на телото.

Полицијата истражува што се случило со детето, а случајот го презеде и Министерството за труд и социјала од каде велат дека се преземени сите мерки за заштита на детето додека трае истрагата. Неофицијално, на детето му е одреден старател, а социјалните служби не дозволуваат контакт на роднините со девојчето.

Неофицијално, жената и нејзиното бебе ги претепале неколку роднини на нејзиниот сопруг кој е во затвор.

Пред два дена 20 годишната К.М. била примена во Ургентниот центар со видливи повреди, со нејзината едногодишна ќерка која имала тешки телесни повреди. Мајката давала различни и контрадикторни изјави за тоа што се случило, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико