Одржан состанок со претставниците на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерот за правда м-р Валдет Џафери, вчера одржа состанок со претставниците на одделните групи на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик.
На состанокот се дискутираше за досегашниот тек на изготвувањето на Граѓанскиот законик, сфатен како единствен систем на граѓанско – правни норми, за препреките во однос на кодификацијата како и роковите до неговото довршување.
Оваа комисија е предводена од претседателот проф. д-р Гале Галев, додека членовите на ова комисија се врвни професори и експерти по правни науки од земјата, како и надворешни соработници професори и експерти од странство.
Министерот Џафери истакна дека согласно динамиката на работењето на членовите на комисијата, оптималното време за довршување на овој граѓански законик да биде јуни 2017 година.