Правдико

   

Одземен имунитетот на романски пратеник поради корупциска афера

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Романскиот Парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет на независниот пратеник Валеријан Време, кој е осомничен за злоупотреба на службената должност како поранешен министер во рамки на истрагата за корупциската афера со купување лиценци на Мајкрософт.

ParliamentPalaceAlarge

Парламентот со 153 гласа, наспроти 110, и дозволи на Националната агенција за борба против корупција да започне кривична истрага против Време, кој беше министер за комуникации во периодот од септември 2010 до февруари 2012 година.

Време ги уверуваше своите колеги дека „не направил ништо незаконски“, изјавувајќи дека тој е жртва на „лажни обвинувања“.

Според Агенцијата, поранешниот министер, кој сега е во опозиција, во 2011 година склучил договор за купување на 179.259 лиценци на Мајкрософт наменети за романските училишта, „или 72.990 повеќе во споредба со бројот на компјутери со кои располагале тогаш образовните институции“.

Ваквиот договор и нанел загуба на државата од 5,4 милиони евра.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико