Одземени телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди | Правдико

Правдико

   

Одземени телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во вторникот утрото, освен домовите на 36-те приведени за упадот во Собранието на 27 април, полицијата посетила уште две адреси: домот во Скопје на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски и домот во гостиварско на пратеникот Весел Mемеди од Национална демократска преродба, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците“, објави „Дојче веле“ повикувајќи се на извори од истрагата.

По наредба на Основното јавно обвинителство, и на двајцата им биле одземени мобилните телефони. Се претпоставува дека телефоните може да содржат информации за одредени комуникации, што би помогнале во расветлувањето на настаните од 27 април. Не се соопштуваат детали и засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.

Вељаноски вчера реагираше на приведувањето на лицата осомничени за настаните од 27 април, меѓу кои имало и двајца административни службеници вработени во Собранието. Во писмено обраќање до јавноста тој рече дека овие две лица не направиле никаков криминал за време на насилствата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико