Официјален старт на изборната кампања
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Изборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат на 11 декември започнува денеска, а ќе трае до 9 декември на полноќ.
На изборите учествуваат 11 политички субјекти – пет коалиции и шест партии.
Според партиските планови, ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне традиционално од Охрид, додека СДСМ кампањата ќе ја стартува од Прилеп.
На предвремените избори право на глас имаат вкупно 1.784.524 граѓани. Во дијаспората ќе можат да гласаат 20.591 македонски државјани.
Извор: Макфакс