Официјално: Притворот за Верушевски е укинат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет на Оделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлозите на обвинетите З.В. и Ѓ.Л. поднесени преку нивните бранители за укинување на мерката притвор или замена на мерката притвор со понудена гаранција, а по прибавено мислење и предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за укинување на мерката притвор предвидена во член 165 ст. 1 т. 2, а потоа и по член 165 ст.1 т. 1 и 3 и да се прифати гаранција предложена од обвинетите преку нивните бранители, како и посебниот предлог на обвинителството за определување мерки за претпазливост, односно:
– Забрана за напуштање на живеалиштето односно градот Скопје,
– Привремено одземање на патна исправа,
Советот, донесе одлука со која мерката притвор за обвинетите З.В. и Ѓ.Л. се укинува, а предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за прифаќање на предложената гаранција и определување мерки за претпазливост на обвинетите, се уважува.
Одлуката на Кривичниот совет во текот на денешниот ден ќе биде експедирана до странките во постапката и затворот Скопје.