Правдико

   

Официјално стартување на Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови и Грантови

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На ден 06.03.2017г од 16:30-18:30ч во ресторан Естел во Скопје, ќе се врши презентација на искуства и ЕУ проекти добиени изминатите години во Република Македонија, како и за официјалното отпочнување со работа на (EUFAA) – Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови и Грантови  (eufundingaccelerator.mk)

Организирано од страна на EMKICE (Euro Macedonian Knowledge Innovation Center) и ММЦЦ- (Macedonian Multiethnic Culinary Chefs)

Покрај анализата на добиените проекти и добиените средства до сега во Македонија од директните програми на Европската комисија, ќе бидат претставени и иновативни проекти во нивна почетна, тековна, напредна фаза, како и завршени проекти од неколку програми на Унијата. Ќе биде претставена и првата платформа за поврзување во ЕУ (euconnected.net) која почнува со работа на 6ти Март 2017год.

Како втор дел од настанот ќе биде и презентацијата на проектот Innovative Culinary Experience 2017, кој во Скопје ќе донесе светски познати готвачки имиња (од рангот на Џејми Оливер) од неколку континенти кои ќе одржат едукациони работилници во тек на една недела во Скопје и Охрид во месец Октомври 2017год во соработка со компанијата “7 континенти” од Охрид која има интересна идеја и платформа од светски размери за која допрва ќе слушнеме.

(eufundingaccelerator.mk) Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови-(EUFAA) е конципиран за поддршка на приватниот, јавниот, академскиот и невладиниот сектор во насока на едукација и помош при аплицирање за грантовски средства од Унијиата. Академијата има 4 домашни и 27 експерти од ЕУ кои имаат долгогодишно искуство и познавање во областа на ЕУ фондови и грантови од директните програми (Horizon 2020, COSME, Culture, MEDIA, Erasmus+, Creative Industries).

Поделена е во три семестри во годината соодветни на објавените повици од Европска комисија, а учесниците ќе бидат поделени во категории според видот на правното лице (S – стартап компании, SME – микро, мали и средни компани, L – Големи копании, P – Јавни установи и државни агенции, A – Академски установи, N – Непрофитни и невладини организации и секако F – физички лица кои сакаат полесно да најдат работа во ЕУ, во земјата или регионот како менаџери на ЕУ фондови – EU Funding Manager).

(EUconnected.net) е платформа која ќе ви овозможи побргу и полесно да се информирате за можностите за ЕУ фондовите, како и да најдете партнери за ЕУ проекти. На платформата е предвидено да можете да отворите свој профил, да најдете партнери за ЕУ проекти, пракса,

летна размена или вработување во ЕУ земји членки, потоа поврзување на стартап компании, иноватори, инвеститори и бизнис ангели од ЕУ и регионот.

При регистрација на присутните со својата електронска пошта или регистрација на платформата за поврзување ќе можат да добијат подетални информации за тековните проекти и иновации на компаните кои се влезени во првиот и вториот блок на ЕУ проекти: (Плазма, Камел, Жикол, Нипром, Силотер, АГВ дизајн, Снеки, ЕМ Дизајн, Пела Роса, Унимонт, Анси Дизајн, БиоАгроВерија како и средни училишта кои добиле проекти и ги реализираат во 2016 и 2017г)

(mastechefsmacedonia.com) предвиден како настан од интернационален карактер кој ќе донесе готвачи од неколку континенти со светски познати имиња и кариери (од рангот на Џејми Оливер). (Innovative Culinary Experience 2017) ќе има мастершефови од највисок ранг од кои заедно со македонските шефови познатите готвачи од ММЦЦ ќе организираат едукациони работилници и претставување на нивните кујни. Дел од имињата кои доаѓаат се Стефан Пјер, Нермин Хано, Цезар Гонзалес, Родриго Церда, а останатите ќе останат изненадување засега.

АГЕНДА 06.03.2017:

https://www.facebook.com/events/413767228972714

16:30ч – Регистрација на присутните
17:00 – Појаснување и Прес за медиуми – Обраќање
17:10 – 17:15ч – Поздравен говор за EUFAA: Илија Вучков, претседател на Емкице центарот
17:15 – 17:25ч – Обраќање: Хуан Мануел Ревуалта, директор на ЕУ Акцелератор – Брисел, ЕУ
17:25 – 17:45ч – Успешни ЕУ проекти во Македонија, Проф. Д-р Илија Насов и неговиот тим, основач на компаните Плазма и Камел-Солар
17:45 – 17:50ч – Претставување на првата платформа за поврзување во ЕУ (euconnected.net) – Белмин Кицара и Виктор Гребенароски
17:50 – 18:00ч – Презентација на Innovative Culinary Experience 2017 – Шеф Марк Де Јонг претседател на ММЦЦ-Macedonian Multiethnic Culinary Chefs
18:00 – 18:15ч – Прашања и одговори
18:00 – 19:00ч  – Коктел

Адреса: Наум Наумовски Борче 33a, 1000 Skopje > https://www.facebook.com/restoranestel

Партнери на Правдико