Правдико

   

Оглас за избор на 50 судии- поротници во Основниот кривичен суд Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 СУДИИ – ПОРОТНИЦИ Врз основа на член 42, 43 и 49 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр.58/06,62/06,35/08, бр.150/10, 83/2018, 198/18 и 96/19), како и член 46 од Законот за судскио тсовет на Република Македонија („Службенвесник на Република Македонија” број 60/2006, 150/10, 100/11, 20/15, 61/15, 197/17 и 83/18),Основниот кривичен суд Скопје објавува: ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2020 за избор на 50 судии поротиници.

Основниот кривичен суд Скопје на Судскиот Совет на РСМ ќе му предложи 50 кандидати за избор на судии- поротници за време од 4 години.

Заинтересираните кандидати за избор на судија – поротник потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во член 42 став 2 и 3 од Законот за судовите („Службен весник на РМ” бр. 8/06, 62/06, 35/08, 150/10 83/18, 198/19 и 96/19) и тоа:

– за судија-поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија со завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед за вршење на оваа функција и кој не е постар од 60 години.

– судијата поротник за судење на малолетници се избира од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието за млади

Заинтересираните кандидати потребно е со пријавата да ги достават следните документи во оригинал или заверени на Нотар:

-Уверение за завршено образование,

-Уверение за државјанство,

-Потврда за неосудуваност (казнена евиденција) и

-Изјава дека со судија, судија – поротник во овој суд или со член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, заверена на Нотар.

Рокот за пријавување на кандидатите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати пријавата-молбата во прилог со потребните документи и контакт телефон можат да ја поднесат, во писмена форма преку приемното одделение на Основниот кривичен суд Скопје или по пошта на адреса бул.ГоцеДелчев б.б, Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.2/2020 за избор на судии поротници).

ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

Партнери на Правдико