Оглас за пријавување на кандидати за полагање на нотарски испит | Правдико

Правдико

   

Оглас за пријавување на кандидати за полагање на нотарски испит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 148 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на Република Македонија” бр. 55/07, 86/08, 139/09 и 135/ 11) и Правилникот за полагање на нотарски испит (“Службен весник на Република Македонија” бр. 31/ 08), Министерството за правда распишува

O Г Л А С
ЗА ПРИЈАВУВАНЈЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ
НА НОТАРСКИ ИСПИТ

1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на нотарски испит треба да ги исполнува следните услови:

-да е дипломиран правник и

-да има работно искуство на правни работи најмалку две години.

2. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање на нотарски испит треба да ги достави следните документи:

– пријава во која читко ќе бидат наведени личните генералии, точна адреса, број на лична карта или пасош, име, татково име, презиме, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), адреса на електронско сандаче, со уплатница (образец ПП/ 50) за уплатени парични средства за административна такса за полагање на нотарски испит во износ од 50,00 денари, назив на примачот – Буџет на Република Македонија, банка на примачот – Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Нар0дна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите звездички се
однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 2313, програма 00,
– доказ за завршен правен факултет,
– потврда со која ќе се докаже дека има работно искуство на правни работи најмалку две години,
– доказ за положен правосуден испит, доколку кандидатот го има положено, и
– доказ за уплатен износ на предвидените средства за полагање на испитот, односно уплатница (образец ПП/ 50) на износ од 9.000,00 денари, уплатени на жиро сметка на Министерство за правда, број 070 010 014 063 112 со цел на дознака за полагање на нотарски испит, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот – Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Нар0дна банка на Република Македонија бр. 1000 000 000 63 095,приходна шифра 72 30 13, програма 10.

3. Потребните документи (во оригинал или фотокопие заверено кај нотар) се поднесуваат во архивата на Министерството за правда, ул.”Димитрије Чуповски” бр.9, Скопје.

4. Пријавувањето за испитот е од 1 до 10 септември 2016 година.

5. Нотарскиот испит (писмен дел кој е елиминаторен) се закажува за:
– 19 септември 2016 година (понеделник)…………………………………………во 10 часот.

6. Терминот за устен дел се закажува дополнително.

7. Испитот се одржува во просториите на Апелациониот суд во Скопје.

8. Министерството за правда, за денот на полагањето на поправниот испит, дополнително ќе ги извести кандидатите кои не покажале задоволителен резултат по еден предмет, односно биле вратени на поправен испит.

9. Кандидатите треба да се пријават за полагање на поправниот испит во рок од еден месец и по истекот на овој рок се закажува и датумот на полагањето на поправниот испит и притоа треба да приложи уплатница (образец ПП/ 50) на износ од 6.000,00 денари, уплатени на жиро сметка на Министреството за правда 070 010 014 063 112, со цел на дознака за полагање на поправен нотарски испит, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот Нароцна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Нароцна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, прих0дна шифра 72 30 13, програма 10.

Препорачуваме

Партнери на Правдико