Правдико

   

Oглас за проследување основна обука за медијатори

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Институтот 4Р Скопје, на 07.06.2018 година го објави првиот оглас за проследување основна обука за медијатори, според акредитирана програма  за ваков вид обуки, издадена од Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата при Владата на РМ.

Couple divorcing

Медијацијата станува се поатрактивна постапка за решавање на споровите надвор од судовите, особено по измените во Законот за парнична постапка од јули 2015 година, кога се воведе задолжителен обид за решавање на стопанските спорови кои се однесуваат на парично побарување до 1.000.000 денари, а за кои е пропишано да се решаваат со поднесување тужба до надлежен суд.

Интересен е фактот што и покрај тоа што само за стопанските спорови е законски пропишан задолжителниот обид на медијација, сепак во изминатите две години,  со медијација успешно се решија и голем број работни спорови и спорови настанати во врска со должничко доверителските односи. Учесници во постапката на медијација подеднакво се јавуваат и физичките и правните лица.

Досега во нашата држава не беше акредитирана програма за ваков вид обуки, па сите кандидати кои сакаа да се стекнат со лиценца за медијатор, основната обука беа приморени да ја проследат во соседните држави.

Основната обука за медијатори е предуслов за полагање на испитот за медијатори за да се добие лиценца.

Обуката се спроведува во траење од 70 часа согласно чл.47 ст.1 т,б) од Законот за медијација  (Сл.в.на РМ бр.188/13,148/15,192/15 и 55/16)

Првата обука ќе се спроведе во периодот 23.06.2018 година – 10.07.2018 година, во конференциската сала на ВИП Хотел Скопје.

На сите заинтересирани учесници на обуката ќе им биде доделен сертификат за завршена обука за медијатори

Распоредот на часови е веќе изготвен, па предавањата ќе се одвиваат во терминот од 9 ч. До 16.50 часот следните денови : 23.06.2018 – сабота, 24.06.2018 – недела, 27.06.2018 – среда, 28.06.2018 – четврток, 29.06.2018 – петок, 30.06.2018 – сабота, 06.07.2018 – петок и 07.07.2018 – сабота

 

ИНСТИТУТ 4Р Скопје

Емаил за информации : obukazamedijatori@yahoo.com

мобилен за контакт : 071 314 141,  078 447 279,  070 219 977 и  071 390 960,

Пријавите ќе се примаат до 22.06.2018 година

Партнери на Правдико