Правдико

   

Оглас за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 Врз основа на член 35 од Судскиот деловник („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/13 и 114/14), Министерството за правда, објавува

ОГЛАС

за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

Кандидатот што сака да се пријави поднесува барање  со уплатница за административна такса од 50,00 денари, во кое ги наведува личните податоци (име, татково име, презиме, адреса на живеење, e-mail адреса, телефон и слично) и за кој јазик/јазици бара да биде поставен како судски преведувач. Кон барањето е должен да приложи:

– Уверение за државјанство;

– Доказ за живеалиштето или престојувалиштето на подрачјето на судот, за кој што бара да биде поставен за преведувач (фотокопија од лична карта или потврда за престојувалиште);

– Уверение или диплома за завршено високо образование (доколку дипломата е од странска високошколска устанува кандидатот треба да достави решение за нострификација издадено од Министерството за образование и наука)

– Потврда од овластена образовна институција за активно познавање на македонскиот јазик (само доколку високото образование е завршено надвор од Република Македонија);

–  Уверение или потврда за активно познавање на  странскиот јазик или јазикот на припадниците на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија и

–  Уплатници.

Секој кандидат треба да доставиуплатница во износ од 6.000,00 денари, уплатени на жиро-сметката на Министерството за правда, на број 0700100140 631 12  со назнака „За проверка на знаење за судски преведувачи“, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот – Народна банка на РМ, трезорска сметка на Народна банка број 100000000063095, приходна шифра 723013, програма 10.

Потребните документи треба да бидат во оригинал или копија заверена кај нотар (освен личната карта) и заедно со барањето да се достават во архивата на Министерството за правда, ул. Димитрие Чуповски  бр. 9 – Скопје.

Проверката на знаењето се врши писмено и усно, согласно Програмата за проверка на знаењето на друг јазик за поставување на постојаните судски преведувачи.

Програмата и останатите информации за спроведување на постапката за проверка на знаењето се објавени на  интернет страницата на Министерството за правда – www.pravda.gov.mk.

Писмениот дел од проверката на знаењето ќе се одржи на 20.10.2018 година (сабота), со почеток во 9,00 часот, во просториите на Апелациониот суд Скопје.

Кандидатот кој ќе го положи писмениот дел од проверката на знаењето на јазикот, полага усмен дел најдоцна во рок од 7 дена по спроведување на писмениот дел.

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето. (17.09.2018)

Министерство за правда

Партнери на Правдико