Правдико

   

Оглас за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 35 од Судскиот деловник („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/13 и 114/14), Министерството за правда, објавува

ОГЛАС

за проверка на знаењето на кандидати за постојани судски преведувачи

1.Кандидатот што сака да се пријави поднесува барање со уплатница за административна такса од 50,00 денари, во кое ги наведува личните податоци (име, име на родител, презиме, адреса на живеење, e-mail адреса, телефон и слично) и за кој јазик/јазици бара да биде поставен како судски преведувач. Кон барањето е должен да приложи:

  • Уверение за државјанство;
  • Доказ за живеалиштето или престојувалиштето на подрачјето на судот, за кој што бара да биде поставен за преведувач (фотокопија од лична карта/пасош или потврда за престојувалиште);
  • Уверение или диплома за завршено високо образование (доколку дипломата е од странска високошколска устанува кандидатот треба да достави решение за нострификација издадено од Министерството за образование и наука)
  • Потврда од овластена образовна институција за активно познавање на македонскиот јазик (само доколку високото образование е завршено надвор од Република Северна Македонија);
  • Уверение или потврда за активно познавање на странскиот јазик или јазикот на припадниците на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија и
  • Уплатници (за административна такса и за испитот).

2. Секој кандидат треба да достави уплатница во износ од 000,00 денари, уплатени на жиро-сметката на Министерството за правда, на број 0700100140 631 12 со назнака „За проверка на знаење за судски преведувачи“, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот – Народна банка на РМ, трезорска сметка на Народна банка број 100000000063095, приходна шифра 723013, програма 10.

3.Потребните документи треба да бидат во оригинал или копија заверена кај нотар (освен личната карта) и заедно со барањето да се достават во архивата на Министерството за правда, ул. Димитрие Чуповски бр. 9 – Скопје.

4.Проверката на знаењето се врши писмено и усно, согласно Програмата за проверка на знаењето на друг јазик за поставување на постојаните судски преведувачи.

5.Програмата и останатите информации за спроведување на постапката за проверка на знаењето се објавени на интернет страницата на Министерството за правда – pravda.gov.mk во делот за испити.

6.Писмениот дел од проверката на знаењето ќе се одржи на 04.2020 година (сабота), со почеток во 9,00 часот, во просториите на Апелациониот суд Скопје.

7.Кандидатот кој ќе го положи писмениот дел од проверката на знаењето на јазикот, полага усмен дел најдоцна во рок од 7 дена по спроведување на писмениот дел.

8.Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.

Партнери на Правдико