Оглас за вработување во Државна комисија за жалби по јавни набавки | Правдико

Правдико

   

Оглас за вработување во Државна комисија за жалби по јавни набавки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013)

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 193/2014
за вработување на 3 државни службеници во Државна комисија за жалби по јавни набавки за следните работни места:

1.Помлад соработник – Програмер, Одделение за информатички системи, Сектор за општи и заеднички работи (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Техничко-технолошки науки – компјутерска техника и технологија или природно-математички науки – информатика
–  без работно искуство
–  познавање на англиски јазик
–  познавање на работа со компјутер
–  комуникативност, лојалност, чесност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 20.170,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2.Соработник за управување со човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси (1)извршител(и);
–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Општествени науки
–  најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
–  познавање на англиски јазик
–  познавање на работа со компјутер
–  лојалност, чесност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 21.625,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3. Виш соработник за подготовка и реализација на седници, Одделение за решавање жалби по јавни набавки од државни органи, Сектор за решавање жалби по јавни набавки, концесии и јавно-приватно партнерство (1)извршител(и);

–  Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Правни студии
–  најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
–  познавање на англиски јазик
–  познавање на работа со компјутер
–  комуникативност, лојалност, чесност, иницијативност, доверливост
–  способност за тимска работа

Плата: 22.341,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Државна комисија за жалби по јавни набавки заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 193/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.

Прием на апликации до : 29.10.2014

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико