Правдико

   

Оглас за вработување во Основен кривичен суд Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на чл.17 ст.1, чл.20 ст.1 алинеа 1 и чл.25 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016,198/2018 и 248/2018), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018), чл.23 од Законот за работните односи (Пречистен текст) („Сл.весник на РМ“ бр.167/15) и издадената согласност за пополнување на слободни работни места од судски буџетски совет, Основниот кривичен суд Скопје  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2020

за вработување на неопределено време и тоа:

  1. Категорија В, ниво В4, помлад судски соработник –2-два извршители

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

-стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС-Правен факултет или завршен VII/1 правен факултет

-Работно искуство:

-со или без работно искуство

-Посебни работни компетенции:

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место

Основна нето плата 24.050,00 денари; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

  1. Категорија В, ниво В4, помлад соработник-Преведувач-1-еден извршител

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

-стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС-Филолошки факултет-Албански јазик или завршен VII/1 степен филолошки факултет-Албански јазик

-Работно искуство:

-со или без работно искуство

-Посебни работни компетенции:

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Основна нето плата 24.050,00 денари; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

  1. Категорија Г, ниво Г1, самостоен референт-систем администратор информатичар1-еден извршител

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

– најмалку вишо или средно образование

-Работно искуство:

-најмалку 3 години работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции:

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Основна нето плата 18.858,00 денари; Работни часови неделно: 40;Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

  1. Категорија Г, ниво Г2, Виш судски референт-извршител во писарница3-три извршители

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

– најмалку вишо или средно образование

-Работно искуство:

-најмалку 2 години работно искуство во струката

-Посебни работни компетенции:

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Основна нето плата 18.019,00 денари; Работни часови неделно: 40;Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

  1. Категорија Г, ниво Г4, Помлад судски референт-доставувач3-три извршител

Посебни услови за работното место утврдени со Законот за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

-Стручни квалификации:

– најмалку вишо или средно образование

-Работно искуство:

-со или без работно искуство

-Посебни работни компетенции:

– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Основна нето плата 15.753,00 денари; Работни часови неделно: 40;Работно време од 07,30 до 15,30 часот, Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, Работни денови од понеделник до петок

 

Одржувач на хигиена– 3-три извршители

Посебни услови за работното место утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје

Стручни квалификации:

-основно или средно образование

Работно искуство:

-со или без работно искуство

Основна плата 14.973,00 денари;

Работни часови неделно: 40;

Работно време: од 07:30 до 15:30 часот;

Дневен одмор (пауза): од 11:00 до 11:30 часот

Работни денови: од понеделник до петок;

Времетраење на работниот однос: неопределено

Заинтересираните кандидати за сите работни места покрај наведените посебни услови, предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основниот кривичен суд Скопје, треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 став 1 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/14) и тоа:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место;

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Рокот за пријавување на кандидатите на јавниот оглас е 15 (петнаесет) дена, од денот на неговото објавување во дневните весници. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати за работните места под реден број 1,2,3,4 и 5 се должни да поднeсат пополнета пријава (образец објавен во Службен весник на РМ број 236/2018) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, преку пошта на следнава адреса: ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, бул.Гоце Делчев б.б., 1000 Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.2/2020) или преку архивата на судот. Пријавите за вработување може да се подигнат и во приемното одделение на судот, секој работен ден од 08,30 до 14,30 часот.

Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на интернет страницата на Основниот кривичен суд Скопје.

Заинтересираните кандидати за работното место под реден број 6 се должни да поднесат молба за вработување (CV и писмо за мотивација) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или заверени на нотар.

Кандидатите се должни во молбата да наведат целосни, прецизни и точни податоци со задолжително наведување на име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, работното место и број на оглас за кои кандидатот се пријавува, e-mail адреса како и телефонски број за контакт.

Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

По истекот на рокот за пријавување, изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во чл.23 ст.2 од Законот за работните односи.

Кандидатите молбата за вработување (CV и писмо за мотивација) можат да ја поднесат во писмена форма преку архивата на Основниот кривичен суд Скопје или по пошта на адреса бул.Гоце Делчев б.б., Скопје, (со назнака за Јавен оглас бр.2/2020).

                                                                        ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

Партнери на Правдико