Огласите за вработување полни со нерамноправост | Правдико

Правдико

   

Огласите за вработување полни со нерамноправост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Градоначалникот на Општина Свети Николе дал оглас за вработување секретар во општината при што во огласот нагласил дека кандидатот, освен лична биографија, треба да „испрати и фотографија“.

DAF6AD37E349074FB3466D3913F61CD5

Фотографии побарале и градоначалниците на Велес, Радовиш… И еден познат синџир на супермаркети во земјава во огласот за вработување нагласил дека се потребни хигиеничари исклучиво од женски пол, при што во огласот било напоменато дека кандидатите треба да бидат на возраст од „18 до 35 години“. Исто така, навел дека треба да се „исклучиво од Охрид“. Ова се само дел од илјада примери што Kомисијата за заштита од дискриминација ги забележала во минатата година како примери за дискриминација при конкурсите за вработувања.

За тоа дека во огласите за вработување постојат услови со кои се дискриминираат кандидатите зборува фактот што дури во 75 отсто од огласите во печатена или електронска форма имало и повеќекратна дискриминација, по неколку основи.

– Во огласите за работа најчесто бараат девојки до 25 години, кои треба да приложат и фотографија. Значи направена е дискриминација по основа на пол, возраст и на личен и општествен интегритет. Изненадува фактот што најголем број огласи за дискриминација има во огласите на локалните самоуправи. Најчесто за секретар во општината бараат фотографија за кандидатот. Тоа секако наведува на дискриминација – нагласува Душко Миновски, претседател на Kомисијата за заштита од дискриминација.

Тој додава дека дискриминација има и во огласите што ги даваат и приватни фирми.

– Една фирма барала готвач, но освен тоа што наведува колку години треба да има кандидатот, нагласува да има и возачка дозвола, што и не е пресудно како ќе се врши примарната работа за која го бараат. Ова е индиректна дискриминација на сите кандидати што од разни причини немаат дозвола, па и на лицата со попреченост. Многу скоро ќе ги објавиме резултатите од истражување кое сме го направиле со цел да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат дискриминација при вработување – вели Миновски.

Според него, засега само едно правно лице од Штип е дадено на суд поради давање дискриминирачи огласи, оти и по интервенција на комисијата тој не сaкал да го промени огласот.

Од Kомисијата советуваат дека пред да се објави оглас за вработување, неопходно е да се проверат неколку елементарни работи.

– Прво, во огласите не смее да се исклучат одредени категории на лица. Односно, не може да се бара возраст, пол, да не биде во брак, да има или не деца, да припаѓа или не на одредена етничка заедница. Не смее да се бара познавање одреден јазик ако тоа не е неопходно за работата. Исто така, барањето на „солидно“ или „одлично“ познавање одреден јазик. Навистина е многу понижувачко да се бара фотографија, како и барање возачка дозвола без реално да има потреба за работното место што се огласува. На тој начин индиректно се дискриминираaт лицата со инвалидитет – нагласува тој.

Полот решавачки за дискриминација

Сознанијата покажуваат дека во дури 55 отсто од случаите основa за дискриминација бил полот, потоа личниот статус, кој вклучува брачен статус, бременост, родителскиот статус, кој бил присутен во 21 отсто од примерите, и возраста – во 17 отсто од огласите за вработување.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико