Огласот за јавен обвинител на собраниска седница на 4 септември | Правдико

Правдико

   

Огласот за јавен обвинител на собраниска седница на 4 септември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Огласот за именување нов јавен обвинител ќе се најде на собраниската седница закажана за 4 септември.

На седницата како последна точка е ставен предлогот за именување огласување јавен обвинител на РМ, што Владата вчера го достави до Собранието. Во предлогот на Владата се наведува дека со оглед на тоа што досегашниот јавен обвинител на РМ, Марко Зврлевски, со одлука од 17.8.2917 на Собранието на РМ, е разрешен од функцијата јавен обвинител на РМ, во согласност со наведената законска обврска Владата на РМ му предлага на Собранието на РМ да го огласи именувањето јавен обвинител на Република Македонија.

За јавен обвинител може да биде именувано, односно избрано лице што ги исполнува условите предвидени во Законот за обвинителството, и тоа: да е државјанин на Република Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да е работоспособен и да има општа здравствена способност, да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија или нострифицирана диплома од странство, да има положено правосуден испит во Република Македонија, како и да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вондреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

Г.Н.Р

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико