Ограбен 75-годишен старец во Скопје, украдени 2.300 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера попладне околу 17.00 часот, во влез од зграда на улица „Козара“ во Скопје, непознат сторител извршил разбојништво над 75-годишниот С.П. од Скопје. Во моментот кога С.П. влегувал во зградата, сторителот го турнал со рацете и тој паднал.
Потоа, сторителот му одзел две книжни ќеси во кои имало 2.300 евра, 13.000 денари, две денарски штедни книшки и две здравствени книшки, по што побегнал во непознат правец.
Од падот, С.П. се здобил со повреди на носот, десното колено и двете раце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија