Ограбена куќа во Битола, украдено оружје, девизи, злато… | Правдико

Правдико

   

Ограбена куќа во Битола, украдено оружје, девизи, злато…

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Арамија извршил тешка кражба во стан сопственост на Д.Л. во Битола.

Како што соопшти полицијата, сторителот со подесен клуч ја отклучил влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и од спалната соба одзел еден пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, муниција 5×25 пакетчиња калибар 7,65 мм, 2×25 пакетчиња калибар 8,57мм и непозната количина муниција за малокалибарска пушка, 1.200 евра, 1.400 австралиски долари, паричник во кој имало 300 австралиски долари и 8.000 денари, и поголема количина златен накит.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико