Ограбена подружница на Македонска пошта во Царев Двор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Арамија меѓу четврток и петок утрото ограбил филијала на Македонска пошта во ресенското село Царев Двор, при што однел околу 28.100 денари.
Како што соопшти полицијата, сторителот насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре, по што насилно го извадил и одзел сефот во кој биле парите по што го напуштил местото на настанот.
Ресенската полиција превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс