Ограбена трафика на „Партизанска“ | Правдико

Правдико

   

Ограбена трафика на „Партизанска“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Непознат разбојник, додека вработениот во трафика бил надвор, влегол, внатре и украл 3.000 денари, а кога вработениот се обидел да го спречи, тој го удрил и избегал.

policija-grb-1

Во понеделникот, во 2.30 часот во ЕИК Скопје се јавил вработен во трафика на бул.„Партизански Одреди“ и пријавил дека околу 2.10 часот непознат сторител извршил разбојничка кражба.

Додека вработениот стоел пред трафиката, сторителот влегол внатре и од касата зел околу 3.000 денари.

Вработениот се обидел да го спречи, но сторителот го турнал и го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико