Ограбени аптека и бензинска во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Непознат маскиран сторител вчеравечер ограбил аптека на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој се заканувал со нож и одзел 70.000 денари од дневниот промет и избегал.
Ноќеска, пак, две непознати маскирани лица со закана со пиштол ограбиле бензинска пумпа кај Скопски саем и избегале. Не е утврдена сумата пари што ја украле.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторитителите и за целосно расчистување на случаите.
Извор: Нова Македонија