Ограбени продавници во Битола и Скопје, куќа во Пробиштип, викендица во Банско…
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Разбојник во вторникот нападнал и претепал вработена во продавница на улица Даме Груев во Битола, соопшти МВР.
Според истиот извор, сторителот влегол во продавницата и со дрвена рачка ја нападнал вработената, удирајќи ја по главата, при што истата паднала на подот и ја изгубила свеста. После тоа сторителот одзел 12.000 денари од дневниот промет и побегнал во непознат правец.
Вработената била пренесена во Клиничка болница Битола каде и биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
Истиот период, но во Скопје, на улица Кемал Сејфула, три непознати лица извршиле разбојништво над вработените во продавница за бела техника. Сторителите со закана го одзеле дневниот промет, по што го напуштиле местото на настанот и побегнале во непознат правец.
Во периодот од 17.01.2017 до 24.01.2017 година во с.Бучиште, пробиштипско, непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на П.Д. (64) од Пробиштип. Сторителот насилно ја отворил вратата,влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел ловечка пушка марка ,,Баикал” калибар 12мм, малокалибарска пушка марка ,,Восток” калибар 22 ЛР, ловечка пушка „Застава“ калибар 12 мм, околу 50 ловечки патрони 12 мм и ловечки елек во кој била и Дозволата за оружје на име на П.Д.. Откако го изврил делото сторителот се оддалечил во непознат правец.
Р.А. (47) од с. Банско пријавил дека во периодот од 14.00 часот на 23.01.2017 до 11.00 часот на 24.01.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата викендица во с.Банско. Сторителот со употреба на погоден предмет го скршил надворешното стакло од прозор од викендицата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел две моторни пили и една комбинирана ловна пушка марка „Преламача Прага“. Откако ги одзел наведените предмети сторителот побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.
Извор: Макфакс