Ограбил банка за да избега од сопругата в затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американецот Лоренс Рипли, ограбил банка за да избега од сопругата, макар во затвор.
Рипли (70) на банкарскиот службеник му дал ливче во кое пишувало дека е вооружен и дека бара да му ги предаде парите.
Во судските списи пишува дека Рипли „зграбил“ 3.000 долари, а потоа мирно седнал во чекалната на соседната банка, а на чуварот му рекол дека тој е човекот што го бара полицијата.
Рипли на судењето е прогласен виновен за грабеж на сојузна банка во Канзас и во моментот се соочува со казна затвор од 20 години.
Тужителот и адвокатот сега расправаат за тоа дека казната не е соодветна за оваа лудост, а можност за жалба на пресудата нема.
ФБИ агентот вели дека пред кражбата Рипли се карал со сопругата и рекол дека пишува порака за грабеж на банка, и дека побрзо би одел во затвор отколку да мора да биде со неа во иста куќа.
Меѓутоа неговата сопруга го придружувала на сите судења.
Извор: Макфакс