Ограничувања и обврски за дуќанџиите за време на вонредната состојба | Правдико

Правдико

   

Ограничувања и обврски за дуќанџиите за време на вонредната состојба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 45-тата седница,  Владата донесе Уредба за примена на законот за трговија за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба, во листата трговски објекти се додава зборот “дуќани” и се утврдува дека во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Со Уредбата се определува дека трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот, а вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат постојано во текот на работното време.

Партнери на Правдико