Правдико

   

Охриѓанец удрил баба со автомобил

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Охриѓанка се здобила со повреди и пренесена е во болницата „Св. Еразмо“ откако автомобил удрил во неа.

Имено, во понеделникот во 11.05 часот во Охрид на ул. „Билјанини извори“ се случила сообраќајна незгода во која В.К. (73) од Охрид, управувајќи автомобил „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешакот В.П. (82) од Охрид.

Во незгодата, В.П. се здобила со тешка телесна повреда и била пренесена и задржана на лекување во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико