Охриѓани краделе бела техника и уметнички слики од викендици во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Против две лица од Охрид поднесени се кривични пријави поради сомнеж дека учествувале во 11 кражби во викенд-станови и куќи во градот.
„Поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) како и против К.А.(48) за кривичното дело „прикривање“, двајцата од Охрид.Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги извршил во периодот од 01.10.2019 до 21.01.2020 година во викенд-станови и куќи во Охрид, во приградските населби Рача и Исток како и во викендици и хотел во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од полицијата.
Тој користел подесен алат и одземал електрични апарати, бела техника, уметнички слики, други предмети, кои потоа му ги давал како залог на второпријавениот К.А..
Извор: Макфакс