Охриѓанка лажно пријавила изгубена возачка дозвола која сакала да ја замени со италијанска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К. (26) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.
Пријавената во јануари годинава во Отсекот за управни работи при полицијата во Охрид, во управна постапка, дала лажен писмен исказ дека пред околу една година ја загубила својата возачка дозвола.
Тоа го направила, иако знаела дека возачката дозвола како јавна исправа претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола.
Врз основа на овој писмен исказ СВР Охрид донел одлука на М.К. да и се издаде нова возачка дозвола.
Извор: Нова Македонија