OJO Битола изврши увид за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Утринава во Битола се случи тешка сообраќајна несреќа, кога возило Фолксваген Пасат удри во дрво. Од силината на ударот на лице место животот го загуби совозачот, 44 годишна сопруга на возачот на автомобилот. Возачот, 49 годишен жител на Крани, преспанско со тешки повреди е пренесен во болница за добивање на медицинска помош.
Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.