ОЈО-Битола отвори истрага за починатиот бездомник | Правдико

Правдико

   

ОЈО-Битола отвори истрага за починатиот бездомник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен обвинител од Основото јавно обвинителство – Битола заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во руинирана куќа во Битола каде е најдено починато машко лице, соопштија од Јавното обвинителство.

Извор: Орбис

– Настанот е пријавен од страна на друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот. При увидот на лице место, преземени се потребните дејствија во насока на расветлување на настанот и утврдување на причините за настапување на смртта. Kај лицето се најдени видливи траги на насилство – се вели во соопштението.

Дополнително, по наредба на јавниот обвинител, извршен е стручен лекарски преглед и на пријавителот, кој поради телесни повреди е хоспитализиран. Обвинителството информира дека издаде наредби за вештачење на траги од лице место, ДНА анализа, како и наредба за вршење обдукција на починатото лице.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико