OJO Делчево на увид кај акумулацијата Калиманци каде вчера беше пронајдено тело на една жена | Правдико

Правдико

   

OJO Делчево на увид кај акумулацијата Калиманци каде вчера беше пронајдено тело на една жена

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

kalimanciНадлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Делчево и натаму врши увид на локацијата кај вештачката акумулација Калиманци, каде вчера беше пронајдено телото на една жена. По наредба на јавниот обвинител, врз пронајденото тело е извршена обдукција.

Телото е идентификувано како 31-годишната Т.С. од с. Дулица. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но се уште не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на езерото.

Надлежниот јавен обвинител интензивно работи на расветлување на причините за смртта.

Препорачуваме

Партнери на Правдико