ОЈО го истражува случајот со сефовите во Шпаркасе банка | Правдико

Правдико

   

ОЈО го истражува случајот со сефовите во Шпаркасе банка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка.

Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети, соопштуват од Основното јавно обвинителство.

Од ОЈО додаваат дека пријавата веднаш била дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издал наредба за обезбедување на снимките од видеонадзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката.

Истовремено, издадена била и наредба за вештачење на материјалните траги подигнати на самото место, а во моментот се проверува кој сè имал пристап до трезорот со сефови на банката.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико