ОЈО: Истрага против лице кое ја претепало сопствената мајка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје спроведена е истражна постапка против едно лице, кое ја претепало сопствената мајка.
„Осомничениот на 17.02.2019 година, во семејниот дом во с. Визбегово, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неговата мајка, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа, тој со двете раце ја давел оштетената, ја турнал на земјата и продолжил да ја удира со што и нанел телесни повреди“ се наведува во соопштението на обвинителство.
Поради опасност осомничениот да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Извор: Макфакс