Правдико

   

ОЈО: Истрага за негувателка која се сомничи за запуштање и малтретирање две деца

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за негователка која е осомничена за запуштање и малтретирање на две деца од три години.

ОЈО констатира дека од 1 до 27 ноември, осомничената која била ангажирана за негување и чување на две деца на возраст од три години, грубо ја запоставувала својата должност за грижа и воспитување и ги малтретирала. Таа постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и ги кубела за коса, се вели во соопштението од ОЈО.

Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата, по што поднела кривична пријава.

ОЈО бара на жената да и биде определн притвор, поради околности кои укажуваат дека осомничената би можела да избега, да влијае врз сведоци чии искази се битни за утврдување на фактичката состојба или да го повтори кривичното дело.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико