ОЈО ја гони лажната адвокатка од Охрид за надриписарство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство по допрен глас ја гони лажната адвокатка од Охрид, Емилија Стојановска, потврдија од институцијата. Оттаму велат дека се собира доказен материјал за сторено кривично дело „надриписарство“, за кое е предивдено казна до една година затвор.
„Лицето Емилија Стојановска не е регистрирано во Именикот на адвокати“, велат од Адвокатската комора за „Макфакс“.
Останува можноста ОЈО, освен за кривичното дело „надриписарство“, да ја гони Стојановска и за измама доколку доказите укажуваат на тоа.
„Од каде вие знаете дека сум работела како адвокат?“, праша Стојановска. Кога ѝ посочивме дека поставила рекламна табла на која пишува дека врши адвокатски услуги, Стојаноска посочи: „Па не мора да работам како адвокат за да си поставам табла, може така сум ја ставила“.
Штетите што ги предизвикала Стојановска застапувајќи предмети како адвокат без лиценца може да бидат огромни, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за „Макфакс“.
Инаку, повеќе од две години Емилија Стојановска од Охрид работела како адвокат. Незаконското застапување странки го открила судијката Весна Кичеец во тек на судење, каде што полномошник била Стојановска. Вработени во охридскиот суд веќе биле на распит во ОЈО.
Извор: Макфакс