ОЈО ќе го истражува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 година ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Одлуката за извештајот била донесена на вчерашната владина седница со цел да се направи дополнителна проверка на два индикативни наода и започнување евентуални постапки. Тој образложи дека првата се однесува за купување имот.
„Во 2011 година МЕПСО добила понуда да откупи имот од 2.178 квадратни метри, по цена од 3,7 милиони евра, што ја одбива. Две години подоцна, друго правно лице, му го продава на МЕПСО истиот имот, по цена од 4,8 милиони евра“, изјави Бошњаковски.
Говорејќи за втората информација, Бошњаковски посочи дека таа се однесува на времето на двоење на „Електростопанството на Македонија“ кога дел од мрежата во сопственост на МЕПСО не бил впишан во катастарот како дел од имотот на компанијата. Портаролот образложи дека ЕВН ги имало издадено овие објекти под закуп и зело хипотекарен кредит. Во ревизорскиот извештај, рече тој, наведено е дека оваа ситуација мора да се расчисти, односно дека имотот е во државна сопственост.
Извор: Макфакс