Комисија на ОЈО ќе го следи изборниот процес | Правдико

Правдико

   

Комисија на ОЈО ќе го следи изборниот процес

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисија составена од 5 члена и претседател во рамките на Јавното обвинителство ќе го следи изборниот процес и денот на изборите и доколку има индиции, ќе отвори предмети за изборен прекршок. Евентуални прекршувања во изборната кампања може да пријават граѓани, невладини организации или политички партии на адресата на е-пошта izbori@jorm.gov.mk, рече на денешниот брифинг претседателот на Комисијата, Џелал Бајрами. Комисијата ќе постапува и по допрен глас, а ќе соработува и со полицијата за заедничко расветлување на случаите.

„Комисијата има за задача на дневна основа да ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на локалните избори. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување“, рече Бајрами.

Како што информираше Бајрами, во изборната кампања за предвремените парламентарни избори минатата година Обвинителството отворило 74 предмети при што за 4 од нив има изречено условни казни и еден со казна затвор од две години. Вчерашниот инцидент со кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајарам, не бил пријавен во ОЈО, но како што информираше Бајрами во соработка со МВР, доколу има индиции, случајот соодветно ќе биде процесуиран.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико