Правдико

   

ОJO Куманово работи на расветлување на несреќата во лифтот во која загина 6 -годишно момче

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-1728x800_c-12140Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата.

По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.

Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден издадена е наредба за обдукција на телото на починатото момче.

Партнери на Правдико