Правдико

   

ОЈО не ги добило сите податоци за ексдиректорката на Клиниката за дерматологија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува активно да постапува во предметот со поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје.

Заради правилно информирање на јавноста, Основното јавно обвинителство Скопје известува дека на 19 март од страна на СВР Скопје беше поднесено писмено известување кое се однесува на поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, а во поглед на предавањето кое таа го одржала пред поголема група доктори.

Кон тоа известување не беше приложена целата потребна документација, туку само писмена кои се однесуваат на тоа кога лекарката се вратила во земјава од Италија и кога и била констатирана здравствената состојба на Клиниката за инфективни болести.

Заради комплетирање на потребната документација, веднаш следниот ден, на 20 март, надлежниот јавен обвинител достави наредба до СВР Скопје, како подносител на известувањето, како и барање за доставување податоци до Министерството за здравство.

Од нив се бара да се приложат сите релевантни писмена во смисла на тоа кој ден поранешната директорка го држела предавањето, список на лица-учесници на тој семинар, дали и кои од тие лица биле заразени со коронавирусот и да се приложи писмена медицинска документација за инфицираноста, како на поранешната директорка, така и на учесниците на семинарот на кои таа им предавала.

По поднесената наредба и барање се уште не е постапено. По доставувањето на релевантната писмена документација, доколку има потреба обвинителството ќе преземе и други истражни дејствија, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука.

Партнери на Правдико