ОЈО: Нема основ за постапување за работата на ОТА и АНБ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавното обвинителство оцени дека нема основа за постапување на јавен обвинител во врска со реформите во безбедносниот систем, односно работата на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а по писменото известување на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во кое посочува на „кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања и несовесно работење во службата поврзани со определени недоследности во функционирањето“.
„Надлежниот јавен обвинител направи проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде што беа доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето. Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување“, соопшти ОЈО Скопје.
Извор: Радио Слободна Европа