ОЈО поведе постапка против македонски функционери што переле пари во Србија | Правдико

Правдико

   

ОЈО поведе постапка против македонски функционери што переле пари во Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство поведе предистражна постапка за перење пари од страна на високи македонски функционери во Република Србија.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка заради постоење индиции за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 од Кривичниот законик. Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка“, информираат од ОЈО.

Додаваат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејства и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид кривични дела.

За понатамошниот тек на постапката ОЈО континуирано ќе ја информира јавноста.

Претходно, поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ, ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и директорот на фирмата СЦМГ, што ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико