OJO Прилеп ја истражува смртта на пронајденото лице во с. Канатларци | Правдико

Правдико

   

OJO Прилеп ја истражува смртта на пронајденото лице во с. Канатларци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во близина на стариот задружен дом во с. Канатларци, вчера околу 3 часот во паркирано патничко возило марка Фолксваген Пасат пронајдено е тело на маж со неколку прострелни рани во пределот на градниот кош. Утврдено е дека станува збор за лице родено во 1991 година.

Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, надлежен јавен обвинител издаде Наредби за обдукција на телото на починатиот, за подигање на траги и  предмети од лице место кои можат да послужат  како доказ. Преземени се и други дејствија за утврдување на причините за смртта на пронајденото лице.

Партнери на Правдико