OJO Прилеп: Поведена постапка за ловџија кој застрела друг ловџија | Правдико

Правдико

   

OJO Прилеп: Поведена постапка за ловџија кој застрела друг ловџија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице  за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик.

Осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години,  на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во место викано Отин,  во близина на село Витолиште, Мариово,  застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25 годишен жител на Прилеп.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Партнери на Правдико