OJO Прилеп: Увид на местото на сообраќајна незгода меѓу два автобуса во Прилеп | Правдико

Правдико

   

OJO Прилеп: Увид на местото на сообраќајна незгода меѓу два автобуса во Прилеп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршија увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу 2 автобуса.

Според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​

Препорачуваме

Партнери на Правдико