ОЈО: Се проверува и собира документација за паралелен увоз на лекови | Правдико

Правдико

   

ОЈО: Се проверува и собира документација за паралелен увоз на лекови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот за паралелен увоз на лекови и не станува збор за претреси, потврдиле за МИА од Обвинителството.

Од Обвинителството посочуваат дека предметот за паралелен увоз на лекови бил отворен по допрен глас во Основното јавно обвинителство – Скопје, а подоцна во текот на предистражната постапка предметот е предаден на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„По предметот се преземаат предистражни дејствија подолг временски период. Денешните активности на Министерството за внатрешни работи се резултат на претходно издадени наредби од страна на предметниот обвинител кои заради актуелната состојба со пандемијата не биле до сега реализирани. Во случајов не станува збор за претреси, туку за вршење на проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот“, велат од Обвинителството, пренесе МИА.

Полициски инспектори од Одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР, како што пренесе МИА, денеска претпладне, по наредба на Обвинителството, влегле во веледрогеријата „Пановски“.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико