ОЈО Штип гони четири лица за Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости | Правдико

Правдико

   

ОЈО Штип гони четири лица за Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeЧетворицата осомничени, од кои двајца државјани на Република Србија, во ноќта помеѓу 18/19.04.2015 година, како соизвршители вршеле недозволени истражувачки работи на верскиот објект – „Хусамедин пашина џамија“ – „Свети Илија“, прогласен за културно наследство.

Тие со употреба на сила и подесен алат влегле во верскиот објект и извршиле археолошки ископувања со отстранување на камените плочи и копање на дупка. Осомничените биле  откриени на лице место и при тоа лишени од слобода.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истрага против двајцата осомничени за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Воедно, сметајќи дека се исполнети законските основи, обвинителот поднесе Предлог за определување на мерка Притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на предходна постапка кој донесе Решение со определување на Притвор за осомничените во траење од по триесет дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико