Правдико

   

OJO Скопје: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 како и за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот на 02.03.2019 година, на локалниот пат меѓу селата Шишево и Глумово, со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот.

На критичниот ден, тој со својот автомобил го пресретнал автомобилот во кој се наоѓале двајцата оштетени заедно со уште едно лице – сведок на настанот и започнал вербална расправија. Во момент кога еден од оштетените започнал да се враќа кон своето возило за да влезе, обвинетиот му се приближил на кратко растојание и испукал кон него еден проектил од пиштолот, нанесувајќи му тешка телесна повреда во вид на огнострелна рана во пределот на главата.

Потоа тргнал да се пресмета и со вториот оштетен. Сведокот се попречил меѓу нив, но обвинетиот му наредил да се тргне. За тоа време, оштетениот започнал да бега, па обвинетиот се стрчал и испукал повеќе проектили кон него, нанесувајќи му две огнострелни повреди. Како последица на овие повреди, оштетениот починал непосредно по приемот во болница.

По настанот, обвинетиот се дал во бегство и една година беше недостапен на органите на прогонот. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице поради опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештите лица, како и да го повтори делото.

Партнери на Правдико