Правдико

   

OJO Скопје поднесе обвинение против дилер на кокаин од скопско Арачиново

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно 20-годишно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во својот дом во скопско Арачиново неовластено заради продажба држел вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и парични средства во различни апоени со вкупен износ од 155.550 денари и 100 евра.

Со оглед на тоа што и натаму постои оправдан страв дека обвинетиот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Партнери на Правдико