OJO Tетово го истражува убиството во Мала Речица | Правдико

Правдико

   

OJO Tетово го истражува убиството во Мала Речица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во тетовска Мала Речица, каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.

Мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува.

Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трага.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење на траги и материјални докази пронајдени на лице место.

Препорачуваме

Партнери на Правдико