OJO Тетово: Притвор за дилер на дрога | Правдико

Правдико

   

OJO Тетово: Притвор за дилер на дрога

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 69-годишен жител на село Доброште поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен преглед на обвинетиот и неговото возило на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, на 14.07.2021 година, овластените службени лица пронашле наркотична дрога кокаин во нето маса од 0,31 грам. Истиот ден, по претходна наредба од судија на претходна постапка, полициските службеници извршиле претрес на куќата на осомничениот во село Доброште каде биле пронајдени вкупно 30,42 грама наркотична дрога марихуана, една дигитална вага и парични средства во вкупен износ од 52 000 денари и 3485 евра.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, обвинитеството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од Основниот суд Тетово кој со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико